Шест сообраќајки во Скопје за еден ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
policija-6

Во текот на изминатиот ден (03.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Од сообраќај се исклучени 23 возачи од кои: 21 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.

— реклама —

Исто така, исклучени од сообраќај се и 19 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, шест возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин.

— реклама —

Во текот на изминатиот ден издадени се 116 мандатен платен налог и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле шест сообраќајни незгоди во кои пет лица се здобиле со телесни повреди.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања