Шест стана изгореле од пожарот што пред шест дена (на 30 јули) избувнал во колективната станбена зграда на улица „Ристо Чавдаров" во Гевгелија. Станарите од оваа зграда сѐ уште немаат струја и вода, а еден од нив вели дека токму екипа на ЕВН била виновна за избувнување на пожарот, објави мкд.мк.
МВР по извршениот увид соопшти дека причина за настанување на пожарот е греалка која се користела во еден од становите. Вклучена греалка во јули на температури над 30 Целзиусови степени? Многу прашања отвори ова соопштение на МВР за причината на пожарот.
Станарите од поткровјето на оваа зграда останаа без своите станови, а цела зграда веќе пет дена немаат ни вода ни струја.