Промени тема
Контакт

„Шести ден од штрајкот веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК“, вели Неделков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sonk

Со лична и колективна дискредитација не се доаѓа до решение и запирање на штрајкот во градинките и училиштата, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

„Шести ден од штрајкот на СОНК и веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК. Обид за лична и колективна дискредитација на раководството на СОНК . Со нарачани текстови по одредени портали се прави обид за стекнување на недоверба кон раководството и обид за прекин на штрајкот. Значи, ако мислите да ги поколебате штрајкувачите и се надевате дека ќе го прекинат штрајкот што е нивна лична одлука, страшно се лажете. Единството е како никогаш досега, оправданоста на барањата, исто така. Значи, џабе ви е.

— реклама —

Колективната дискредитација е во правец на обидот од владини функционери да претстават во јавноста дека раководството на СОНК заради лични интереси не ги прифаќа понудените 10 %?! Без ниеден аргумент многу лесно обвинуваат и навредуваат, иако многу јасно неколку пати во текот на преговорите им беше кажано дека сите одлуки што ги носи раководството на СОНК ( Советот на СОНК ), се носат по претходно изјаснување на членовите на СОНК. Така беше и овој пат, што е спорно тука? Според владините претставници требало Советот да донесе ,,разумна,, одлука, игнорирајќи го 95% изјаснување на членството да се каже дека ,, понудата не важи,,. Не благодариме!

И конечно, одрдени медиуми и владини претставници, вршат обид за пласирање на тезата дека единствено СОНК е виновникот за штрајкот и прекинот на наставата. И самите не веруваат во тоа, а не па јавноста. Кажуваат дека СОНК уценувал а не кажуваат дека впрочем, тие уценуваат. Барањето на Владате е прво да го прекинеме штрајкот па потоа да преговараме. Ова не е класична уцена?

— реклама —

Почитувани, Ве замолувам да прекинете со притисоците што ги вршите врз нашите но и ваши партиски членови. Овојпат разберете ја пораката што ви ја праќаат со непослушност. Овојпат се работи за сопствена егзистенција и враќање на достоинството на професијата што ја застапуваат.

— реклама —

И да, зад штрајкот на СОНК стојат 25 000 членови, но и нечленови на СОНК, кои без разлика на синдикална, партиска, верска, национална и било каква припадност, рамо до рамо, заеднички штрајкуваат за социјални и законски права, верувајќи му на раководството на СОНК“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања