Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Шесто издание на „Охрид Ултра-Треил“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид

Според најавите, над 470 планински тркачи од 36 земји ќе настапат на шестото издание манифестацијата „Охрид Ултра-Треил“ која ќе се одржи на 24-ти и 25-ти мај 2024 година во Охрид.

Целите на овој спортско-рекреативен настан е да се понуди една уникатна планинска авантура на отворено за учесниците, која се одвива во недопрените предели на „Галичица“, а воедно да се промовира културното и природното богатство на Охридско-преспанскиот регион кој е заштитен под УНЕСКО.

— реклама —

Оваа година предвидени се пет планински трки на 110, 65, 40, 22 и 10 километри.

„Ултра-Треил“ стартува на 24 мај во 23 часот од Охрид;

— реклама —

„Галичица Ултра“ со старт на 25 мај во 7 часот од Св. Наум;

„Самотска Маратон“ со старт на 25 мај во 9 часот од Пештани;

— реклама —

„Летница Треил“ започнува на 25 мај во 11 часот од Велгошти

„Јуниор Треил“ која ќе се одржи за прв пат на 25 мај со старт во 10:30 часот од Велгошти.

Сите трки минуваат низ патеки, врвови, гребени и долини во Националниот парк „Галичица“, а финишот е на градскиот плоштад во Охрид.

Манифестацијата „Охрид Ултра-Треил“ ја организираат спортските здуженија „Трекс“ од Скопје и „Топ Адвенчрс“ од Охрид. Приказната на „Охрид Ултра-Треил“ започна во 2019 година како настан со две трки во планинско трчање од 60 и 30 километри, а за пет последователни изданија прерасна во препознатлив мултинационален спортски настан кој се одвива под отворено небо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања