Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Шестотини скопски средношколци и наставници ќе бидат дел од проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Во 23 средни училишта на Град Скопје деновиве започа реализацијата на четвртиот циклус тримесечни бесплатни online настава за изучување на македонскиот, албанскиот и турскиот јазик. Наставата е наменета за ученици и наставници, а истите се дел од проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ предвиден во Стратегијата на Град Скопје за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост и во Програмата за активности на Град Скопје од областа на образованието за 2022 година.

— реклама —

Со оваа активност ќе бидат опфатени вкупно 594 наставници и ученици, дел од нив ќе следат почетен степен, а дел продолжителен.

Согласно со искажаниот интерес:

— реклама —

- 234 ученици и 3 наставници ќе следат почетна настава за изучување на македонскиот јазик;

-71 ученик и 17 наставници ќе следат почетна настава за изучување на албански јазик, додека 12 ученици и 27 наставници ќе следат продолжена обука;

- 172 ученици и 36 наставници ќе посетуваат почетна настава по турски јазик, додека 11 ученици и 11 наставници ќе следат продолжителна обука.

На овие часови младите ќе имаат можност да стекнат основни познавања на јазикот на кој зборуваат нивните соученици, што ќе придонесе за нивна полесна јазична социјализација. Проектот има за цел стимулирање на училишните заедници да градат и развиваат позитивни интеракции помеѓу учениците и наставниците од различни етнички заедници.

Часовите на изучување на јазиците ги држат наставници вработени во средните училишта и истите се логистички и финансиски поддржани од Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања