Росица Кулакова, сестрата на Фросина, смета дека изјавата на родителите на возачот Васил Јованов дека тој го крадел автомобилот е срамна. Таа јавно ги праша, дали некогаш го пријавиле за кражба.
„Сите сме сведоци на денешната срамна изјава од родителите кои кажаа дека Васо им ја крадел колата за да ја вози, а тие ко неми си ќутеле. Па зарем тоа не е кривично дело - КРАЖБА?! Дали некогаш родителите го пријавиле дека сторил кривично дело кражба? Колку пати Васо го повторил истото дело? И дали родителите на Васо прикривале кривично дело?! М?“, напиша Кулакова.
Претходно:
Родителите тврдат дека не знаеле дека Васил го земал автомобилот, убедуваат дека е променет откако бил осуден за дрогата
Возачот Васил Јованов го украл автомобилот од родителите кога направил сообраќајка пред неколку години, а истото го направил и вечерта кога ја усмрти Фросина Куланова на пешачки. Ова го кажа неговиот татко Зоран Јованов, кој заедно со мајката Ана изразија длабоко сочуство на семејството на жртвата. Истовремено, посочија дека Васил е променет откако бил осуден за дрогата – марихуана и кокаин, за која доби воспитна мерка која сега му е преиначена во затворска казна од три години и десет месеци.„Та
Македонија | пред 1 година