Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Сестрата на смртно-прегазената Теодора: Сестра ми сака мирно да спие, до кога ќе умираме од болка?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-04-at-18.09.46

"И пак умираме, пак и пак пак до кога? Зарем нетреба да се стави крај на сето оваа, или веќе кога не враќаат во првостепена, ќе ги одложуваме повторно и рочишта до кога? Веќе све е очигледно! До кога ќе се врти неправдата оклу нас, до кога ќе ги гледам моите родители како молат за правда, до кога ќе ни гори душата? До кога ќе молиме и лелекаме за правда? Сестра ми Теодора сака правда, Сестра ми сакам мирно да спиее! Сакаме правда за Теодора! Сакаме веќе колечно да имаме правда!ПРАВДА ЗА ТЕОДОРА!"

— реклама —

Ова вчера на Фејсбук го напиша Ева Ристовска, сестрата на Теодора Ристовска, која во 2022 година на 22 години го загуби животот во сообраќајна несреќа.

- "За која правда да зборувам, за кој суд да зборувам за која Македонија да зборувам, мизерија од људи станавмо се страмим од мојата државам се страмим од људите кои раковода со нашава држава. Да згазнеш девојче на само 22години и да завршиш со условна казна,жално страмотно, згора на тоа убиецот секојдневно се шета пред мене со насмевка, без грам срам, жалост и виновност, без признавање на дело зад кое тој сам го сторил. За кое дело да зборим, пред тебе стои мермер на младо девојче, зад тебе људи со душевна болка што навечер неможат да заспијаат, на кого да кажем на убиец што нема никакви чуства, мене сварно ми е јасно како може ваке да фукционирамо ваке,како може толку лесно да ја купиш правдата, како можеш да не одговараш за твојата грешка, како можеш дома да отидеш да ги видиш твојте деца а да не ти текне дека ти си убил нејчио дете. Дете за кој некој се трудел да го порасне,и да му го покаже вистинскиот пат. Пешачкиот премин е од едната до другата страна на улицата а не од овој до другиот свет, на Теодора не вредеше вака да и заврши животот, и тоа без никаква правда. Како може човек да не раководи со своите емоции и чуства да нема епатија и човечност. Оф оф оф.. Македонијо тешки луѓе те газат", додаде таа, велејќи и дека правда во Македонија не постои ни на лист хартија.

— реклама —

Инаку, во Тетово вчера овторно се одложи за 27 март судењето за Теодора Ристовска.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.

- Обвинетиот поднесе жалба до Апелацискиот суд во Гостивар. Како резултат на ова, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд на Северна Македонија, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење, вели Ева Ристовска. Возачот не одлежал ниту еден ден затвор, иако несреќата се случи пред речиси три години, изјави Ева Ристовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања