„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Сеуште се вози брзо, се прекршуваат сообраќајни правила, но и возат лица кои немаат возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
stop-policija

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи затоа што 21 управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца биле возачи почетници.

— реклама —

Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Санкционирани се и двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица поради недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, двајца поради неправилно престројување, двајца возачи поради некористење заштитен шлем(кацига) при управување мотоцикл, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 75 мандатни платни налози и 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања