Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Северна Кореја погодена од најлошата суша во последните 100 години, милиони луѓе гладуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
20190517194532

Милиони луѓе во Северна Кореја гладуваат.

— реклама —

Северна Кореја е погодена од најлошата суша во последните 100 години.

Ова им се случува откако од јануари до средината на мај наврнале само 56,3 милиметри врнежи, што е најниското ниво од 1917 година.

— реклама —

— реклама —

Сушата веќе има „прилично силно влијание врз одгледувањето на пченицата, хмељот, пченката, компирот и гравот“. Се прогнозира дека до крајот на месецот ќе заврне само уште два пати, што е недоволно за свртување на настанатиот тренд.

Производството на храна во Северна Кореја паднало на најниско ниво во девет години, оставајќи десет милиони луѓе во опасност од глад.

— реклама —

Во извештајот е објавено дека во некои рурални делови 43 отсто од луѓето се потхранети, а едно од пет деца има забавен раст бидејќи нема доволно храна.

Јужна Кореја одговори дека е подготвена повторно хуманитарно да им помага на отуѓените северни соседи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања