Северна Кореја погуби пет министри за надворешни работи кои учествуваа во подготовките за неуспешниот состанок на Ким Џонг Ун и Доналд Трамп во Ханој во февруари, објавуваат јужнокорејските медиуми.
Хјок Чол е погубен во март на аеродромот Мирим во Пјонгјанг заедно со уште четворица претставници на Министерството за надворешни работи, откако биле обвинети дека шпионирале за САД, пренесува јужнокорејскиот „Чосун илбо“, повикувајќи се на анонимен извор, објави „Ројтерс“.
Портпаролката на јужнокорејското Министерство за обединување одбила да ги коментира наводите на медиумите и порачала „дека е непримерно да се коментираат вести кои прво би требало да бидат проверени“.
-Засега ништо не можеме да потврдиме. Ја следиме ситуацијата, но мислам дека е важно да сфатиме колку информации во текстот се потврдени“, изјавила портпаролката.