Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Северна Македонија и оваа година дел од Европската недела на кодирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mancevski

Од минатата година, Министерството за информатичко општество и администрација,Министерството за образование и наука и во соработка со Фондацијата Метаморфозис, активно ја поддржуваат Европската недела на кодирање (EU Code Week 2019), која се одржува секоја година во октомври на различни локации во повеќе од земји од Европа и пошироко.

Северна Македонија и оваа година активно учествува во Европската недела на кодирање, којашто ќе се одржи од 5-ти до 20-ти октомври. Неделата на кодирање е иницијатива поддржана од Европската Комисија и истата е лансирана за прв пат во 2013-та година и има за цел зголемување на дигиталните вештини во Европа.

— реклама —

Во рамките на Европската недела на кодирање во 2018 година беа одржани вкупно 25.089 настани во 52 земји ширум светот, а учество земаа над 1 милион учесници.

— реклама —

Минатата година кон оваа идеја се приклучија над 130 македонски училишта, со повеќе од 5.000 ученици. На овој начин се зголеми интересот кај учениците и кај наставниот кадар за развој на дигиталните вештини.

— реклама —

„И оваа година ја продолжуваме оваа успешна приказна. Ги повикувам сите наставници што работат на развивање на дигитални вештини да се приклучат на оваа европска иницијатива. Со регистрирање на настан во Вашето училиште, го давате својот придонес за подигнување на свеста кај најмладите за развивање на дигитални вештини, како важна стратешка цел за зачувување на младите овде и обезбедување на нивен достоинствен живот. Северна Македонија е веќе дел од  дигитална Европа. “, истакна министерот Манчевски.

Како дел од Европската недела на кодирање, учество може да земе било кој наставник во основните и средните училиште на територијата на РМ, со пријава на 1 наставен час (надвор или во склоп на наставната програма) кој ќе се одржи во рамките на Европската недела на кодирање.

Како да станете дел од Европската недела на кодирање?: http://events.codeweek.eu/guide/

Пријавувањето час посветен на програмирање се врши преку регистрирање на наставник, образовна институција и терминот на официјалната веб-локација. При тоа потребно е креирање на профил со корисничко име и лозинка.

Линк за пријавување: http://events.codeweek.eu/login/?next=/add/

Сите пријавени кои ќе одржат наставен час во рамките на Европската недела на програмирање ќе добијат сертификат за учество.

Дополнителна можност за поддршка на проекти на граѓански организации и училишта (до 8 септември)

Како дел од Европската недела на кодирање, Фондацијата Метаморфозис има објавено повик за доделување грантови од 300 евра од програмата „Meet and Code“ за вкупно 40 настани/проекти за кои што може да се пријават партнерства од граѓански организации и училишта.

Целта на Meet and Code е децата и младите на возраст помеѓу 8 и 24 години да се запознаат со светот на технологијата и програмирањето. Настаните се организираат за да им се покаже на младите колку интересно и забавно може да биде програмирањето и како тоа може да помогне за оживување на идеите. Тие треба да научат како функционира технологијата и како ИТ влијае на секојдневниот живот. Преку истражување на широк спектар дигитални теми и теми од технологија и креативно програмирање, тие ќе се поттикнат да ги развијат дигиталните вештини кои им се потребни за денешниот свет.

Идеите за настанот може да се достават онлајн на страницата на https://meet-and-code.org/mk/mk/најкасно до 8-ми септември 2019. Организациите може да достават неколку различни идеи за настан. Секоја идеја за настан која ќе се квалификува како погодна ќе добие грант од 300 евра за организација на настанот. Можните настани вклучуваат хакатони, работилници за програмирање, предавања, филмски настани, натпревари, ноќи за програмирање, часови за роботика или други формати.

 

При тоа, пријавените настани ќе имаат можност да се натпреваруваат и за награда на европско ниво на една од следните четири категории: Girls do IT! (Девојки во ИТ!), Diversity (Разновидност), Code for the planet (Кодирај за планетата) и Code for your community (Кодирај за твојата заедница).  Повеќе информации за наградите во рамките на „Meet and Code“ може да најдете на следниот линк: https://meet-and-code.org/mk/mk/award2019

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања