„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Северна Македонија ќе биде домаќин на 2000 американски војници на најголема вежба досега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vezba

На предлог на Министерството за одбрана, на оваа седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и прифати Информацијата за изведување на вежбовната активност на Армијата на Република Северна Македонија и Командата на US EUCOM „Одлучен удар“ и учество на странски вооружени сили на територијата на нашата земја, и донесе Одлуката за одобрување за влегување и престојување на припадници на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради изведување на вежбовната активност „Одлучен удар“, која во неколку фази ќе се спроведе од 20 мај до 15 јули оваа година.

— реклама —

Според информацијата усвоена на денешната седница станува збор за најголема воена вежба која било кога е организирана во нашата држава и во која на практичен и видлив начин ќе се манифестира сојузничката поддршка за членството на Република Северна Македонија во НАТО. На вежбовната активност е предвидено, освен учеството на 2000 припадници на Армијата на РСМ, и активно учество на 2000 припадници на вооружените сили на Соединетите Американски Држави и 400 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Албанија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Бугарија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Литванија и 100 припадници на Војската на Црна Гора и 20 различни видови моторни возила.

— реклама —

Вежбовната активност е насочена кон постигнување на интероперабилноста на припадниците на вооружените сили на земјите учеснички со цел овозможување на зголемена контрибуција во тековните и идните операции предводени од НАТО алијансата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања