Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шехпанска: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кочење и блокирање на законите што се од интерес на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
03022020_Sahpaska_Pres_1

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со погубната стратегија на кочење и блокирање на законите што се од интерес на граѓаните. Потврда за тоа се поднесувањето  на стотици и илјадници амандмани на еден закон и  незакажувањата на продолженијата на комисиските седници, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможуваат Законот за легализација да се донесе до распуштање на Собранието, со што свесно стопираа легализација на стотина илјади објекти на граѓани.

— реклама —

Ваквите блокади на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго, туку директна штета на илјадници засегнати граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ треба да им одговори на граѓаните зошто го блокира и Законот за огласување ништовност и поништување на правни акти дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, потоа Законот за легализација на бесправно изградени објекти, Законот за опојни дроги и психотропни супстанци, Законот за академија за судии и јавни обвинители и Законот за јавно обвинителска служба?

— реклама —

Деструктивните блокади на ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат, граѓаните се изморени од нив.

— реклама —

Затоа на 12 април Христијан Мицкоски и неговите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети за работењето против интересите на граѓаните и државата. Граѓаните ќе порачаат  режим повеќе никогаш, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања