Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Шехтански: Кога Македонците иселеници ќе се вратат, тогаш ќе има желба и мотив за Македонска национална држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sehtanski-e1519410070929

Адвокатот Ванчо Шехтански, кој воедно е и политичар и претседател на политичката партија ТМРО на својот профил на Фејсбук напиша дека кога Македонците иселеници ќе се вратат во Македонија, тогаш ќе има желба и мотив за Македонска национална држава.

— реклама —

„Кога Македонците иселеници ширум светот, ќе си се вратат заедно со своите внуци, кога ќе си ги откупат имотите што повеќето ги продале, кога ќе почнат да инвестираат тука, тогаш ќе има желба и мотив за сите нас, за Македонска национална држава.

— реклама —

За такво нешто требаат Македонци ама во Македонија. Сега засега, немакедонците се тие ,што тука газдуваат“, напиша Шехтански а подолу во коментар додаде:

— реклама —

По таа логика сите треба да избегаме. Немојте да мислите дека некој ќе жртвува свој живот и генерации по него , за други иљадници километри од тука да се удираат во гради.

Евреите имаа иста судбина па се вратија во Израел после десетина века, така да и Македонците или ќе бидат во Македонија или без Македонци нема да има Македонијa“, стои во објавата на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања