Промени тема
Контакт

Шест уапсени, 262 казнети: голема акција на МВР низ Скопје, се ловеа мотоциклисти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarytceq8sc97kejehNuAHD

Во текот на изминатата вечер и ноќ, од 21 кон 22 август, полицијата во Скопје санкционирала 262 возачи во рамки на засилена сообраќајна контрола, со посебен акцент на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли.

Акцијата била спроведена од 18 часот до 1 часот по полноќ од Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје.

— реклама —

Од вкупниот број санкции, 102 биле изречени за возачи на мопеди и мотоцикли.

— реклама —

Најголем дел, односно 93 мерки, биле за управување мотоцикл без заштитна кацига. Четворица возачи биле санкционирани поради несоодветна категорија, а петмина затоа што управувале без положен возачки испит.

Дополнително биле изречени уште 160 мерки за други прекршоци, меѓу кои неносење возачка дозвола, неносење сообраќајна дозвола, неистакнати регистарски таблички и поминување на црвено светло.

— реклама —

Полицијата привремено одзела и еден мотоцикл затоа што регистрацијата му била истечена повеќе од шест месеци.

— реклама —

Шест лица биле лишени од слобода по член 297-а од Кривичниот законик.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6loi1gcli6smaHBDPRs

Сузбиена 21-члена криминална група: Претреси на 36 локации, запленети дрога, оружје, пари и возила

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

63-годишен маж ја нападнал сопругата и ѝ нанел тешки повреди

Македонија | пред 18 часа

tabanovce

Грчки државјанин приведен на Табановце со фалсификувана словенечка возачка дозвола

Македонија | пред 18 часа

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

17-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Марино

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања