Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Шест загинати и седум повредени во пожар во куќа во Бруклин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-librarynbsibuopn1pq8aJ0rMZ

Шест лица го загубија животот, а седуммина се повредени во голем пожар што избувнал рано утринава во двокатна куќа во Бруклин, Њујорк, САД, соопштија градските противпожарни служби.

— реклама —

Пожарот избувнал околу 1:40 часот по локално време во станбен објект во населбата Сансет Парк. На местото веднаш биле испратени повеќе од 200 припадници на итните служби, а огнот бил ставен под контрола по околу три часа, пренесува „Еј-Би-Си њуз“.

— реклама —

Четири лица загинале на самото место, додека две други, кои се здобиле со тешки повреди, починале подоцна во болница. Меѓу повредените има и тројца пожарникари со полесни повреди. Повредени се и уште четири лица, но нивните животи не се во опасност.

— реклама —

Истражителите за пожари започнале истрага за да ги утврдат причините за избувнувањето на огнот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Нема фотографија

(Видео) Снимка од птичја перспектива: Река од луѓе се упатува кон гробиштата каде што ќе биде погребан Навални

Свет | пред 2 години

— реклама —
janeva-frier

ВИДЕО: Катица Јанева снимена во фризерски салон, иако е на боледување

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања