Промени тема
Контакт

Шпанија ќе продолжи да ги поддржува реформите во правосудството, средба на Шасивари со Соријано Ортиз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryct7od4bsql1uasvRec2

Продлабочување на соработката со Шпанија во областа на правосудството и поддршка за реформите беа во фокусот на денешната средба меѓу министерот за правда, Јетон Шасивари, и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз.

Шасивари го информирал шпанскиот амбасадор за приоритетите на Министерството за правда и активностите што се спроведуваат во рамки на реформската агенда. Во наредниот период се очекуваат конкретни законски и институционални чекори, насочени кон подобрување на ефикасноста и квалитетот на правосудниот систем.

— реклама —

На средбата посебно се разговарало за можностите за продлабочување на соработката со Шпанија и искористување на нејзиното искуство во функционирањето на правосудните институции и во областа на владеењето на правото.

— реклама —

Амбасадорот Соријано Ортиз ја потврдил подготвеноста на Шпанија да продолжи да ги поддржува реформските процеси во Македонија.

— реклама —

Од Министерството за правда посочуваат дека соработката со европските партнери е важен дел од реформскиот процес, но оти успехот ќе се мери преку конкретни промени и подобро функционирање на институциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања