Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Си-Ен-Ен: Дали Путин конечно сфати дека војната мора да заврши?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
putin-4124

Рускиот претседател Владимир Путин за време на одбележувањето на Денот на победата на 9 мај испрати неочекувана порака дека верува оти војната во Украина „се приближува кон крајот“, што, според анализата на Си-Ен-Ен, претставува редок сигнал за можна промена во реториката на Кремљ.

— реклама —

Иако Путин со години инсистира на продолжување на „специјалната воена операција“ до исполнување на целите, како демилитаризација на Украина и целосна контрола врз Донбас, анализата наведува дека ниту една од тие цели не е целосно остварена.

Во истиот настап, Владимир Путин предложи поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да биде главен посредник во идните разговори меѓу Русија и Европа. Шредер, кој по напуштањето на функцијата беше поврзан со рускиот гасовод Северен тек, и натаму важи за близок сојузник на Путин.

— реклама —

Според анализата, во Русија расте незадоволството од текот на војната, економските последици и големите човечки загуби, а дури и делови од московската елита почнале да се сомневаат во политичката иднина на Путин.

— реклама —

Во текстот се наведува и дека украинската армија стекнала значајна технолошка предност со масовната употреба на дронови и роботизирани системи, што значително го забавило руското напредување на фронтот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, продолжува да инсистира дека Киев има капацитет за понатамошен отпор и покрај проблемите со недостиг на војници.

— реклама —

Анализата заклучува дека иако Путин можеби се обидува да создаде впечаток дека мирот е блиску, растечкиот притисок врз Русија може да значи дека Кремљ почнува да сфаќа дека војната не може бесконечно да трае.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања