Европската комисија треба да ги врати руските енергетски производи на европскиот пазар за да ја спречи енергетската криза, наместо да шири патетични повици за штедење, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. наместо да шири патетични повици за штедење, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
За потсетување, европскиот комесар за енергија, Дан Јоргенсен, изјави дека Европската унија се подготвува за долгорочен енергетски шок, дека се очекува понатамошно влошување на ситуацијата во наредните недели и дека цените на енергијата ќе останат високи долго време.
„Европскиот комесар за енергија, Дан Јоргенсен, е секако добар во нешто, но тоа не е енергијата. Тој им се обрати на народите на Европа со драматична порака. Таа порака би можела да се каже дека е апсурдна или патетична ако не знаевме колку е драматична ситуацијата“ рече Сијарто во видео обраќање на социјалните мрежи.
Сијарто додаде дека дури сега во Брисел стигнала информација дека кризата на Блискиот Исток има катастрофално влијание врз светските енергетски пазари, иако Унгарија зборува за тоа со недели.
„Во таква ситуација, единствениот прифатлив чекор за Европската комисија би бил да дозволи враќање на евтината руска нафта и природен гас на европскиот пазар. Доколку тоа се случи, Европа би можела да избегне нагло зголемување на цените на енергијата, енергетски дефицит и влошување на енергетската безбедност, но за жал, тие не се флексибилни по ова прашање - рече Сијарто.