-Долгот на ’Вардар’ е некаде околу 3,5 милиони евра. А беше даден без долгови и со вредност на играчкиот фонд од шест милиони евра, која сега е 800.000 евра. Не можам да дозволам Градот да го преземе клубот со долг од 3,5 милиони евра, ниту, пак, на Градот му е понудено некакво ветување дека тој долг е наплатлив. Правите кривично дело ако го преземете така клубот. Имаше неколку ветувања од Сергеј Самсоненко дека ќе ги намири долговите, вклучувајќи ги и обрските кон играчите до 31 јануари. Тоа не се случи. Презедовме активности за регулирање на каматите и деблокирање на сметката, да се обезбедат ваучери. Академијата на ФК Вардар која е изградена на земја која Самсоненко ја купи од државата за багателна цена од 40 евра за метар квадратен, се води на име на сопругата на Сергеј Самсоненко. А пак тренинг центарот во Хиподром е исто на Самсоненко и со јавно партнерство со општина Гази Баба, со што практично ФК Вардар нема свој имот а има долгови од 3.5 милони евра, истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов во емисијата „Стадион“ на радиото „Канал 77“.
Видео: Канал 77