Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Шилегов: Град Скопје сериозно вложува во образованието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Prv-skopski-den-2019-3

Градоначалникот Шилегов денеска го честиташе почетокот на новата учебна година на средношколците во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, но и на сите ученици во средните и основните училишта во Скопје. Тој на децата им пожела успех во учењето и добри резултати при извршувањето на редовните училишни активности.

  • Во Скопје живеат многу талентирани деца и јас очекувам дека со напорната работа во рамките на наставата тој талент ќе може целосно да излезе на површина. Во животот може се да добиете и се да загубите, но не и знаењето. Градот Скопје сериозно инвестира во образованието, во инфраструктурата во училиштата. Во завршна фаза се реконструкциите на фасадите на средните училишта „Цветан Димов“ и „Марија Кири Склодовска“ кои од оваа година ќе добијат нови, енергетски ефикасни фасади со модерен изглед - рече градоначалникот Шилегов, при посетата на СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“.

— реклама —

Шилегов потсети дека пред почетокот на учебната година Градот Скопје го изгради првиот памптрак во Скопје. Оваа адреналинска патека за велосипеди, ролери и скејтборди се наоѓа во непосредна близина на училиштето „Раде Јовчевски Корчагин“, во централното градско подрачје, на лесно пристапна локација поволна за учениците од повеќе училишта.

— реклама —

На почетокот на новата учебна година градската библиотека „Браќа Миладиновци“ симболично донираше неколку пакети книги за потребите на училишната библиотека во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања