„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Шилегов и Јанчева во посета на Подгорица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, престојуваа во еднодневна официјална посета на градот Подгорица, Црна Гора, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Подгорица.

— реклама —

Во Подгорица Шилегов и Јанчева положија цвеќиња на Споменикот на партизанот борец на ридот Горица, присуствуваа на свечената седница на Советот на Град Подгорица, како и на откривањето на споменикот на Јосип Броз - Тито во паркот на брегот на Морача.

Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и оваа година одбележуваат 10 години од збратимувањето. Двата града негуваат плодна соработка во повеќе области, особено во областа на културата, уредувањето на просторот, прашањата од комуналната сфера, туризмот и заштитата на животната средина.

— реклама —

Делегација од градот Подгорица предводена од градоначалникот Иван Вуковиќ во ноември годинава присуствуваше на одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања