„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Шилегов: Ќе побарам од СДСМ да ја поддржи мојата кандидатура за втор мандат за градоначалник на Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
SILEGOV-1

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов е влезен во последната година од својот прв мандат. На нецела година пред локалните избори кои ќе се одржат во октомври 2021, Шилегов во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК најавува дека сака да се кандидира за уште еден четиригодишен мандат и ќе бара поддршка од матичната партија СДСМ за неговата кандидатура. Зборува што сработил изминативе три години, зошто одредени ветени проекти не се ниту почнати и зошто верува дека граѓаните ќе му дадат доверба за втор мандат.

— реклама —

-Промените кои се случуваа во нашиот се сериозно видливи во сите урбани полиња. Не само инфраструктурата туку и малку поинаков третман на комуналниот отпад, поинаков третман на јавните површини, како и темелно и студиозно работење на најкомплексните работи. Четириесет години се зборувало за трамвај, а ние сме во завршна фаза на имплементација на Бас рапид транзитот или брзиот автобуски превоз. Законот за задолжување е во Собранието и по основ на тој закон ние некаде во април би можеле да создадеме услови да се распише тендер за негова имплементација и очекувам до крајот на 2023 да биде во употреба. Мислам дека сето тоа ми дава за право да побарам од СДСМ да ја поддржи мојата кандидатура за наредните локални избори за повторен избор за градоначалник на Скопје. Јас сум човек што ги почитува постапките и процедурите и имајќи предвид дека сум политички претставник на политички партија ќе барам легитимитет да добијам од мојата партија. Очекувам дека таков легитимитет ќе добијам, а граѓаните сето ова што го работев изминативе години ќе го верификуваат на локалните избори, вели Шилегов за СДК.МК.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања