„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Шилегов ќе победуваше во прв круг, а сега, очекува поддршка од Бени Шаќири во втор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Summerland-1

Откако прво кажа дека ќе победи во прв круг, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, сега вели дека во втор круг ќе ги добие гласовите односно поддршката на Бени Шаќири кандидат на ЛДП и ДОМ. Практично, Шилегов очекува и втор круг избори во главниот град.

— реклама —

„Јас и Бени сме другари, сигурно ќе ме поддржи во втор круг, рече денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов, коментирајќи ја одлуката на партиите ДОМ и ЛДП да го кандидираат рокерот Бени Шаќири за градоналалник на Град Скопје.

Претходно, на крајот на август, Шилегов рече дека е убеден дека ќе победи во прв круг.

— реклама —

„Впричем, јас сум убеден во победата уште во првиот круг. Ќе кажат граѓаните на 17 октомри. Мислам дека е во заблуда – рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешниот настан за почеток на изградба на клучка на булеварот „Словенија“ и Качанички пат, прашан за коментар на изјавите на Георгиевски.

Ова го искоментира и новинарката Јорданка Ивановска-Јоци која е критикар на Шилегов.

„Ајдеее, тапанарија работава......до завчера Петросаурус ќе победуваше во прв круг, удави начисто со тоа, а сега веќе очекувал поддршка од Бени за втор круг⁉️ И сеа до кај е работава...во прв или во втор круг ќе тепаш? Иде Дунааав, Петроооо...“, напиша Јоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања