Шилегов мисли само на јадење и пиење на буџетски трошок, обвинува Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Naum-Stoilkovski-1

Следниов документ ја открива суштината за Петре Шилегов, и што му е најважно од градоначалничката фотелја, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Два дена пред изборите, Петре Шилегов склучува договор за КАЕФАНА!

— реклама —

На 15.10 склучен, односно на два дена пред избори, склучен е договор со 3 фирми - во вредност од 32.000 евра! Договор во директна спогодба за, во слободен речник, за кафеански услуги! 32.000 евра и тоа само за една година!

— реклама —

Компаниите, познати скопски локали нема да ги споменувам, но ќе ги споменувам делови од договорот:

· Рамковниот договор е на еден милион и 700 илјади денари, со ДДВ - 2 милиони денари за кафеана за една година;

· Договорот започнува од 21.10, односно се реализира од вчера;

· Измени на оваа рамковна спогодба, односно поголема или пониска вредност може да се оди и до 20% од договорот, односно на овие 32.000 евра планирани за Петре Шилегов да ги потроши во кафеаните низ Скопје, да се додадат уште 3.200 евра доколку оваа година му се погоди на Петре Шилегов;

· А, тука би додал дека фирмите - кафеаните се обврзале на 10 односно нудат од 10 до 15% попуст на менијата односно на услугите на јадењата и пијачките;

Почитувани,

Додека сите очекуваат одговори за неразумното богатење на Петре Шилегов, додека сите размислуваа и очекуваа одговори за луксузите на Шилегов, за дивоградбата во Карпош, за вилата на Маврово, за скапите џипови и коли кои што ги нема пријавено во Антикорупциска, тој размислувал за нов договор за кафеана!

Не, почитувани, ова не е црна кампања, ова е соочување со фактите за Петре Шилегов среде кампања за избор на градоначалник за град Скопје, кога он потпишува договор од 32.000 евра кафеански услуги!

Почитувани,

Петре Шилегов не размислува на градот, туку Петре Шилегов веројатно размислува како да направи уште половина милион евра во следниот мандат, да доизгради уште некоја вила и тоа да го прослави со здравици по кафеани, се тоа на буџетски трошок, се тоа од ваш џеб.

Ниеден инспектор досега, ниту институција не оди да ги провери наводите со кои што излегувавме секој ден. Затоа Петре смета дека може да размислува само на кафеана!

Почитувани,

Шилегов не мисли на Скопје, туку на јадење и пиење на буџетски трошок.

Уште еднаш, нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања