Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Шилегов на средба со градоначалникот на Тирана Велиај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Делегација од Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов вчера оствари билатерална средба со градоначалникот на Тирана, Албанија, Ерион Велиај. Двајцата градоначалници разговараа за концептот на зелени градови, планирањето на просторот и за урбаната отпорност, теми кои беа во фокусот на вчерашниот четврти „17+1“ Форум на градоначалници на главни градови од Централна и Источна Европа и Кина, што се одржа во Тирана. На средбата се зборуваше и за досегашната соработка меѓу Скопје и Тирана и за можностите таа соработка меѓу двата збратимени града да се продлабочи. Градоначалникот Шилегов изрази уверување дека двата града наскоро ќе бидат дел од европското семејство со надеж дека во блиска иднина двата града ќе бидат главни градови на држави членки на Европската Унија.

— реклама —

Шилегов на својот колега му подари маица со мотиви од Скопје, а градоначалникот Велиај најави дека со таа маица ќе трча на наредното издание на скопскиот маратон.

— реклама —

Во паркот пред просториите на Град Тирана, пак, нашата делегација засади Дрво на Град Скопје, како симбол на меѓусебното пријателство.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања