„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Шилегов почнува проектот за трамвај во Скопје, но чека пари од Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Summerland-1

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска најави дека во текот на денот до Владата ќе достават Информација за проектот Трамбај во Скопје, од каде чекаат пари за негова реализација.

— реклама —

- „За мене императив е да воведеме еден современ јавен транспорт за нашиот град . Градот за жал со буџетските средства кој што ги има не може сам да ја спроведе таа акција меѓутоа врз основа на она што го имам како договор постигнато со претседателот на владата очекувам дека истата ќе помогне во финансирањето на јавниот транспорт и доколку се обезбедат средства градот е спремен што се вика уште денес да ја започне постапката“. - вели Градоначалникот Шилегов.

Шилегов појаснува дека веќе е разговарано со Влада на тема јавен сообраќај во градот за што од Влада побарале да се подготви потребна информација за реализација на Трамвајот, истата од Градот била изготвена и денес доставена. Шилегов очекува што поитна одлука од страна на Економскиот совет при Владата да одлучи дали ќе го финансира градењето на Трамвајот.

— реклама —

Околу девет и пол милиони евра од буџетот на Град Скопје се трошат за јавен градски превоз за околу 43 милиони патници годишно. Трамвајот кој е долгонајавуван треба да придонесе за одржлив град како Скопје би имал целосно економичен и еколошки јавен транспорт вели Шилегов појаснувајќи дека за трамвајот нема да се оди со концесионер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања