Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Шилегов: Решен е долгогодишниот проблем со платите на пожарникарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

По исцрпните разговори кои претставниците на Градот Скопје и на Владата ги водеа со синдикатите на скопските пожарникари решен е долгогодишниот проблем со покачувањето на платите на припадниците на бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. По денешната средба во станицата на противпожарната бригада во Автокоманда, градоначалникот Петре Шилегов обелодени дека е постигнат договор со кој преку измени на правилникот за плати, основната плата на пожарникарите ќе биде зголемена за 20%, согласно со барањата на пожарникарите и добиените судски пресуди.

— реклама —

- Најдовме законска форма овој проблем да биде бајпасиран со потпишувањето на денешниот правилник, до донесувањето на законот. Моето инсистирање, и како градоначалник и како претседател на ЗЕЛС, е дека ние мора да имаме законска форма на решавање на проблемот на пожарникарите на ниво на целата држава, бидејќи ова е едно парцијално решение кое се однесува само на противпожарната бригада на Град Скопје. Овие луѓе секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ги отстранат опасностите во кои се наоѓаат граѓаните и таа нивна благородна дејност мора да биде опфатена со целосно законско решение – рече градоначалникот Шилегов, по средбата.

— реклама —

Тој додаде дека Градот Скопје нема да застане со опремување на противпожарната бригада и подобрување на условите за работа.

— реклама —

- Ја подобруваме опремата која што ја имаат пожарникарите, ги подобруваме техничките ресурси, скалата очекуваме наскоро да дојде, за да ја олесниме и така тешката работа која ја работат овие луѓе. Задоволство ми е што успеавме сите инволвирани страни – Градот Скопје, синдикатите, Иницијативниот одбор, Министерството за одбрана и Кабинетот на премиерот, да изнајдеме решение кое ќе гарантира соодветен надоместок за трудот и ангажманите до донесувањето на законското решение – нагласи Шилегов.

Со усвојувањето на измените на правилникот уште од следниот месец треба да биде покачена основната плата на пожарникарите, а ова привремено решение ќе важи до моментот додека во Собранието не се донесе законското решение кое ќе ги регулира овие прашања долгорочно.

На денешната средба во станицата во Автокоманда присуствуваа и претставници од синдикатите на скопските пожарникари, од Иницијативниот одбор, Министерството за одбрана и претставник од кабинетот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања