Шилегов: Со брз автобуски превоз до почиста средина и поквалитетен живот во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
1-3

Град Скопје планира да се придружи на друштвото од успешни градови со БРТ коридори, со имплементација на две линии за брз автобуски транспорт - Линија 1 (исток – запад, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче) од 12.81 km и 21 автобуска станица, а планирана е и Линија 2 (север – југ од железничката станица на бул. БИХ до бул. Борис Трајковски) во должина од 10.4 km со 20 автобуски станици.

— реклама —

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во колумната „Зошто на Скопје како метропола му треба брз автобуски транспорт?“ ги образложува придобивките од проектот за брз автобуски транспорт (Bus Rapid Transport - БРТ) во Скопје или популарно нареченото „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“:

— реклама —

„Брзиот автобуски транспорт двојно го намалува времето на патување, а фреквентноста на автобусите од 3-4 минути за време на шпицот оневозможува градски гужви. Станиците на исто ниво со автобусите со рамен под овозможуваат брзо и лесно качување и слегување и целосна пристапност за патници со колички и со попреченост. Сообраќајната предност на автобусите им овозможува лесно и брзо движење низ градските сообраќајници и крстосници. Честотата, пристапноста, безбедноста, удобноста и брзината се показатели за квалитетни транспортни услуги кои ги охрабруваат граѓаните да го користат системот за јавен превоз наместо приватните возила.

— реклама —

“Шилегов укажува дека зголемениот број луѓе кои користат јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните зашто брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава. Брзиот автобуски превоз (БРТ) овозможува посебна траса за брзи автобуси која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај и е воведен во стотици градови ширум светот. Според Шилегов, „БРТ значи ем побрз, поефикасен и побезбеден автобуски превоз, ем почиста средина и поквалитетен живот во Скопје“.

фото: Град Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања