„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Шилегов: Тврдењето на Беџети е делумно точно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
silegov-1

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, откако беше прозван од неговиот колега, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, дека врз него се вршело притисок за да се урне само една од трите платформи на Матка, со цел да се замачкаат очите на јавноста, рече дека тврдењето на Беџети е делумно точно.

— реклама —

– Јас побарав да се сруши платформата која што беше започната да се гради годинава, а за која градоначалникот на Сарај тврдеше дека е постоечка и дека се врши реконструкција. Всушност, реакцијата на јавноста, реакцијата на скопјани, беа токму за градењето на таа предметна платформа, а гледам дека се проширува. Поради тоа го повикав Беџети кај мене во кабинет и од него побарав предметната платформа да биде предмет на рушење. Тој изјави дека и останатите две се дивоградби. Ние немаме никакви ингеренции за дивоградбите, каков е статусот на останатите две платформи во езерото Матка ми е непознат. Тогаш како градоначалник на Скопје изреагирава на тоа што сите во тој момент реагираа – рече Шилегов на денешната прес конференција.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања