Во Скопје има околу 140 објекти кои се дивоградби, но градот нема ингиренции над нив, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Тој апелираше институциите да си ја завршат работата, а во врска со урнатиот објект пред Мавровка кажа дека на локацијата веројатно ќе може да се изгради само легализираниот објект.
„Градот за жал, нема ингеренции над дивоградбите. Аналитиката кажува дека има околу 140 објекти на територијата на Град Скопје. Повикувам сите институции да си ја вршат работата. Во ’Мавровка‘ во сутеренот беше легализиран тој објект, веројатно во постапка на обнова може да се врати тој дел кој беше легализиран“, изјави Шилегов.