„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Шилегов: Вчера загубивме голем човек , голем пријател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Во чест и сеќавање на Енвер Малиќи денеска со едноминутно молчење почна и се одржа онлајн комеморативна седница што беше пренесувана на фејсбук каналот на Град Скопје.

— реклама —

На комеморацијата од починатиот заменик-градоначалник на Скопје се простија членовите од неговото семејство, пријателите и соработниците.

- Со длабока тага и чувство на голема загуба вчера ја примив веста за смртта на мојот добар пријател Енвер Малиќи, заменик-градоначалник и успешен бизнисмен. Со неговото заминување изгубивме голем и искрен пријател, но и соработник кој несебично го делеше своето обемно искуство во повеќе области.

— реклама —

Бидејќи беше човек со ведар дух, со него лесно се разговараше за сите теми, па така често разменувавме мислења за развојот на локалната самоуправа, за економијата, како и за политички теми поврзани со земјава и регионов. Тие што го познаваа Енвер, знаат дека тој од ништо не се плашеше и секогаш беше подготвен за нови предизвици. Енвер беше еден од највлијателните стопанственици во државата и затоа беше почитуван во бизнис заедницата како успешен бизнисмен, но како голем хуманист и филантроп. Нема зборови кои можат да ја ублажат болката на семејството коешто доживеа ненадоместлива загуба, но изгубивме и сите ние коишто го познававме Енвер. Тој беше човек со големо срце и со разбирање за проблемите и потребите на своите сограѓани. Нека ти е светол патот мој пријателе и почивај во мир – кажа Шилегов на комеморацијата.

Во име на советниците на Советот на Град Скопје длабоко сочувство до семејството Малиќи изрази Бесник Ајети, од ДУИ.

- Дозволете во мое име и во име на колегите да ви изразам длабоко сочувство по повод заминувањето од овој свет на најскромниот колега, бизнисмен и човек што некогаш сум го познавал, покојниот г. Енвер Малиќи. Несомнено, господин Енвер беше посебен по својата професија и пошироко. На овој почесен ден, духовно и во молитва сме заедно со семејството Малиќи. Нека е вечен споменот за него – рече Бесник Ајети.

Денеска, во просториите на Град Скопје (пред влезот во Кабинетот на градоначалникот, барака број 4) е отворена книга на жалост за прерано починатиот заменик-градоначалник Енвер Малиќи.

Сите граѓани коишто сакаат да се запишат во книгата на жалост ќе можат да го направат тоа од 11 до 16:30 часот, до петок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања