Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Шилегов: Заштитата на животната средина еполе со отворени можности за соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше и се обрати на бизнис-форумот меѓу Република Северна Македонија и Чешката Република што се одржува во просториите на хотелот „Хилтон“.

— реклама —

- Заштитата на животната средина за Република Северна Македонија, а особено за Град Скопје, претставува едно огромно поле на кое постојат многу отворени можности за соработка. Ме радува фактот што голем број чешки компании покажуваат интерес да инвестираат во Скопје. Тоа е добра појдовна точка и можност за градење нови стратешки партнерства во делот на решенијата за транспортот и транспортната инфраструктура, управувањето со отпадот, управувањето со водните ресурси, еколошките заштитни технологии и слично. Како градоначалник, со градската администрација стоиме на располагање на сите заинтересирани компании да ги обезбедиме сите потребни услови за поблиско и подетално запознавање со можностите за соработка во сферите од заеднички интерес и за чешките компании и за граѓаните за кои работиме – рече денеска Шилегов.

— реклама —

Тој додаде дека во работниот дел на овој форум ќе се отворат многу нови можности за сите и нагласи дека потенцијалот за идна соработка е толку голем што  не остава простор за ништо друго освен за успех. Шилегов се заблагодари на Амбасадата на Чешката Република и на Амбасадорот Мирослав Томан за можноста да учествува на овој форум, како и на Сојузот на стопански комори на Македонија и Конфедерацијата на индустрија на Чешка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања