Скопскиот градоначалник Петре Шилегов коментирајќи го инцидентот кај депонијата Вардариште, каде што двајца редари на Град Скопје биле физички нападнати од граѓани кои нелегално истурале отпад, упати жестоки навреди за министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој како што рече не ги заштитил градските редари.
„Згрозен сум од Наќе Чулев. Згрозен сум како човек, затоа што станува збор за човек кој очигледно има мисија да направи целосна девастација на правниот систем во нашата држава. Непостапувањето на полицијата во ниту еден од случаите, кои би ни обезбедиле нормала во смисла на попуштање на епидемијата, јавното негово декларирање дека нема да казнува, придонесува луѓето да добијат сила за таква анархија како што вчера се случи официјалните лица – инспектори на Град Скопје да бидат нападнати“ – истакна Шилегов.
Тој вели случајот го пријавиле во полициската станица во Гази Баба и дека очекува, како што вели, полицијата конечно да се разбуди.
фото: Архива