Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Сулавеси, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според првичните информации, епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, што ја зголемува можноста за посилно почувствувани последици на површината.
По земјотресот, надлежните служби издадоа предупредување за можна опасност од цунами и внимателно ја следат состојбата во крајбрежните подрачја.
Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета. Локалните власти ги повикаа жителите да ги следат препораките на службите за итни случаи и да останат внимателни додека трае проценката на ризикот.
Индонезија се наоѓа во таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот“, една од најсеизмички активните зони во светот, каде што земјотресите и вулканските ерупции се честа појава.