Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени е регистриран во близина на Нова Калдонија, по што е издадено предупредување за можна појава на цунами.
Земјотресот е регистриран во морето на длабочина од 10 километри, со епицентар на 160 километри источно од градот Тадин.
Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека е можна појава на големи бранови со височина од еден до три метри во реоните на Нова Каледонија и Вануату и до еден метар во областа на Фиџи.
Засега нема инфроамции за жртви или предизвикани материјални штети од земјотресот, што се случил во 5.18 часот по средноевропско време.
Четири минути пред овој земјотрес, во истиот регион е регистриран потрес со јачина од 6 степени.