Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Силјаноска Давкова од Брвеница: Овие избори не смеат да се бојкотираат, иако за референдумот обратно велев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
davkova-brvenica-2

Вчера кандидатот за претседател на Република Македонија, г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова оствари средба со жители на населеното место Брвеница. Г-ѓа. Силјановска Давкова од жителите од населеното место Брвеница беше дочекана како веќе претседател на Република Македонија. Пред насобраните жители г-ѓа. Силјановска Давкова искажа благодарност за убавата гостопримливост, дека и е мило што е меѓу граѓани кои ја прифаќаат како иден претседател на државата, и што ги подржуваат нејзините идеи како дел од кампањата за подобра и поубава Македонија.

— реклама —

Овие избори не смеат да се бојкотираат, иако за референдумот обратно велев. Бидејќи не можете да дадете легиминитет на нешто што не е само нелигитимно туку и нелегално, спротивно на меѓународното право и на националното право, порача г-ѓа. Силјановска Давкова од Брвеница.

— реклама —

Г-ѓа. Силјановска Давкова појасни на граѓаните дела очекувала по неуспешниот референдум, премиерот да поднесе оставка бидејќи тоа е европски ред. Така прават сите премиери кога нема да успее референдум, но тоа тој не го стори. Откако беа паднати на земја ден, два потоа си продолжија иако во законот за референдум и други форми на лично изјаснување има јасна одредба дека резултатот од референдумот мора во рок од 60 дена да се одрази на сите постапки и на донесувањето на акти, но тие си продолжија со промена на Уставот заборавајќи дека нивниот легиминитет извира од граѓаните кои рекоа не.

На крајот од средбата г-ѓа. Силјановска Давкова порача дека со победа на избори, ќе победи и Македонија, ќе се стави крај на сите нерегуларности кои ги има сторено владата до самото свое стапување на власт.

https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/249043362640473/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања