Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Силјаноска на средба со членови на ИК на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
7-1-1

Кандидатката за Претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Проф-Др.  Гордана Силјаноска Давкова, денес  оствари средба со Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ,  Благица Ласовска како и членови на ИК на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Професорката Силјаноска Давкова воедно имаше  свое обраќање и на редовната седница на Централниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ каде што присуствуваше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.  Проф-Др.  Гордана Силјаноска Давкова  имаше можност да ги презентира своите идеи и гледишта  во пресрет на претстојните претседателски избори.

— реклама —
— реклама —

Во своето обраќање посочи дека на државата веднаш и се потребни  промени, како и владеење на  правото и демократијата,  кои во моментов  се нарушени од страна на власта. Силјаноска потенцираше дека во име на честитоста на Република Македонија неопходни се почитување на Уставот,  законите и враќање на правната држава.

— реклама —

За својата кампања истакна дека ќе ги користи сите демократски средства на водење на изборна кампања, а  на крајот заедно со ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија ќе извојува огромна победа на претседателските избори во април и  со тоа ќе се најави крајот на владеењето на СДСМ со државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања