Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Сиљановска Давкова: Јас очекувам кичевчани да се одважат и да гласаат по свое, а не така како што ќе им кажат партиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

gordana-siljanovska-davkova

Најискрено кажувам дека гласовите на граѓаните од Кичево, без оглед на националната, етничката, верската или друга припадност имаат посебно значење за мене, веќе кажав дека Кичево е градот на моите прадедовци, дедовци и родители, Кичево е градот и на моите Албански побратими. Јас очекувам кичевчани да се одважат и да гласаат по свое, а не така како што ќе им кажат партиите, туку со длабока верба дека Македонија и Кичево можат да бидат пристојно место во кое владее правото само ако граѓаните лично си го третираат избирачкото право, истакна кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова.

— реклама —

Значи се обраќам до кичевчани, како до граѓани и потенцирам дека гласот за мене значи глас за владеење на правото. Во таков град и во таква држава сите повторно без оглед на етничката, расна и верска припадност, социјално и друго потекло ќе имаат еднакви шанси.

Оставам на кичевчани да решат, меѓутоа ги потсетувам дека овие гласови имаат посебна емотивна а не само политичка вредност. Особено опкружена со жени значи дека гласот за Гордана е гласот за жена, гласот за Гордана е глас а кичевчанки за Гордана, ама и на сите кичевчани бидејќи она што е заедничко за сите нив и за мене е татковината и заедничкото потекло, без оглед повторувам не мора да е Македонија само на Македонците, Македонија е татковина и на Албанците и на Турците и на Ромите и на Власите и на Бошњаците, на сите оние кои се родени овде и ја чувствуваат земјата како своја, истакна кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања