Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Силјановска Давкова: Комисијата која решава за промена на македонската историја не е под капата на МАНУ или универзитетот, туку под политичка капа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dsc1

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на општина Аеродром.

— реклама —

Силјановска Давкова во изјава за медиумите нагласи дека комисијата која решава за промена на македонската историја не е под капата на МАНУ или универзитетот, туку под политичка капа, односно како што рече таа не е против тоа да се избришат нешта кои што се навредливи, но дека тие немаат право во затворен круг да решаваат за македонската историја.

— реклама —

Идејата е да разменам мисли со еден прекрасен амбиент и прекрасен ден околу нешта што мене ме загрижуваат врзани за македонскиот јазик, македонската литература, македонската археологија. Прашања што се значајни за македонскиот идентитет искрено имав и се уште имам дилема дали она што е предвидено со Преспанскиот договор а се однесува на меѓудржавни комисии под политичка капа, не под капа на МАНУ или Универзитетот може на политички начин иако меѓу нив има експерти не верувам дека се ренесанси личности кои знаат се да решаваат историски проблеми.

Јас мислам дека историјата е процес, така се гради, дека никој нема право во затворен круг, во тесна ексклузивна дебата да се усогласи околу настани, околу личности. Мислам дека тоа е надвор од она што би било логично, вели Силјановска Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања