Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Силјановска Давкова: Ние имаме едно партиско послушно комунистичко собрание,кое работи без опозиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC03

Кандидатот за претседател Силјановска Давкова денеска пред Кумановчани истакна дека во Собранието на Република Македонија има пратеници кои носат одлуки без дијалог, претходно договорени, наместо разумни одлуки за доброто на граѓаните.

— реклама —

Ние имаме едно партиско послушно комунистичко собрание, ова не е навреда за минатото туку сакам да кажам дека без опозиција, без дијалог нема делиберативна демократија оти тоа значи расправа со аргументи. Ако 81 човек таму само чека да притисне на копчето бидејќи претходно веќе е донесена одлука тогаш тоа не е парламент, вели таа.

Силјановска Давкова посочи дека во меѓународното право јасно стои дека со меѓународен договор не може да се прекрши Уставот на ниту една држава, алудирајќи на Преспанскиот договор кој го склучи владата на СДСМ и Заев.

— реклама —

Во меѓународното право се вели јасно дека со меѓународен договор не може да се прекрши уставот на некоја држава.

Според нејзе, волјата на граѓаните на 30-ти септември за референдумското прашање не е испочитувана од страна на граѓаните, додавајќи дека нашите предци не се бореле за Северна Македонија .

Сами си го сменија уставот и тие 81 пратеник и тоа во незаконскапостапка. Дури и кога побараа збор на референдумот, а референдумот беше неуспешен а во Преспанскиот договор пишува ако референдумот биде успешен иго потврди со тоа решенијата од Преспанскиот договор тогаш ќе биде валиден.

Но тие заборавија дека не се суверенот туку дека ја украле волјата на суверенот и си ги усвоија уставните измени. И така пишува дека вашите татковци и мајки пишува дека се бореле за Северна Македонија, додаде Силјановска Давкова.

Таа нагласи дека сите правни акти кои не се темелат на правните норми се ништовни и лесно оспорени.

Кога било кој акт меѓународен ли е домашен ли е нема правен темел, кога не е правно втемелен тој е правно проблематичен и нему му се заканува ништовност, оспорување и тоа по правен пат а не со сила, бидејќи силата ја оставаме на историјата. Но, ние веруваме во силата на зборот и јас ве уверувам дека тоа што го говорам го помнам, тоа што го помнам ќе го остварам. Значи не е она друга филозофија која што ја владее Македонија, кажувам, заборавам негирам, од тоа не бива реформа, објасни таа.

Силјановска Давкова побара масовна мобилизација и обединетост на граѓани за поддршка на 21 април и 5 мај се со цел да се врати правдата и правдината во Република Македонија, посочувајќи дека сака да внесе простор за една поинаква перцепција за политиката и поинакво практикување на претседателската функција, потенцирајќи дека граѓаните го имаат нејзиниот збор а таа што ветува тоа и ќе го исполни.

Јас ветувам дека ќе се обидам да ставам едно камче во политичкиот мозаик што се вика претседател на Република Македонија, што ќе отвори простор за поинаква перцепција на политиката, за поинакво практикување на претседателската функција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања