Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Силјановска Давкова: Охрид е под заштита на УНЕСКО, но некако прекрасните икони и фрески не одат со дивоградбата подолу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

DSC_0749

Прекраксно е чуството да сте на едно од најживите места во градов, една од најпосетените цркви. Местото каде што веројатно Дичо зографот најубавото од себе го реализирал, за да ние се восхитуваме. И секое врлегување овде за мене носи духовен мир, спокој и ме потсетува на зборовите на архиепископот неколку пати повторувани вчера за еднаквоста на народите и мирот. Мислам дека пораката е јасна, истакна кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

— реклама —

Не знам дали на ова свето место е можно да се изговори она што го видов пред малку, но навистина ако Охрид е едно од најсветите места или местото кое ја персонифицира духовната моќ во Македонија, како да не кажам дека на 20- тина метри од овде гледаме непочитување на оваа убавина. Се е заштититено, Охрид е под заштита на УНЕСКО но некако прекрасните икони и фрески не одат со дивоградбата подолу и мислам дека тоа е опомена дека нешто под итно треба да се стори во Охрид. Тоа што го имаме да го почитуваме, зошто ако не го почитуваме ние тогаш пораката е дека не знаеме што е духовно наследство и богатсво. И дека оставаме кој што сака да прави на неколку чекори од овде.

— реклама —

Охрид не се само црквите, Охрид е градот, Охрид е сето она што се гради и доградува, а сето тоа мора да биде во хармонија со изграденото. Се надевам дека граѓаните ќе знаат како да се однесуваат кон оние кои имаат респект кон духовното наследство и оние кои ниту го почитуваат, ниту го штитат, истакна кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања