Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Сиљановска Давкова: Се надевам дека ќе го постигнеме цензусот од 40%, со сиот респект за причините и дилемите кои ги имаат граѓаните во Македонија кога не гласаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Апстиненцијата е модерна болест, укажува на болеста на демократијата. Луѓето се разочарани од носителите на политичката власт. Зошто најчесто тие ги адресираат сопствените интереси наместо интересите на граѓаните. Значи таа е синоним на криза на претставничката демократија,  истакна кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова.

— реклама —

Зачукај на македонска врата, инаку Венецијанската комисија во три наврати во извештаите и препорачуваше на Македонија да го тргне цензусот од вториот изборен круг зошто е невообичаено решение. Меѓутоа етнопартиските договори не доведоа до тоа.

— реклама —

— реклама —

Јас сепак се надевам дека ќе го постигнеме цензусот од 40%, во таа функција со сиот респект за причините и дилемите кои ги имаат граѓаните во Македонија кога не гласаат еве отворен повик им упатив на сите кои имаат дилеми. За заедно да ги разрешиме.

— реклама —

Се разбира, претпоставувам дека колку што има граѓани кои не излегоа, толку има и причини но кај некои причините се слични и мислам дека тие заслужуваат одговор на дилемите.

Се надевам дека моите аргументи ќе премислат многу од нив, зошто мислам дека она што го нудам и она што го правам е гаранција дека нема да ги заборавам како граѓани, ,  истакна кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања