Силјановска: Дваесетина камери снимаат на „Орце Николов“, небаре сме во реално шоу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
20211129100312

Професорката Гордана Силјановска Давкова на својот профил на Фејсбук реагира дека при реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ која минува низ Дебар Маало во скопски Центар, на бандерите се прикачени видео-камери кои, според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, се насочени во интимниот простор на граѓаните.

— реклама —

„Пред неколку дена, во духот на заложбите за „безбеден и мирен град“, дваесеттината истопорени светлосиви стапови, ДОБИЈА ОЧИ, одосно по ДВЕ КАМЕРИ, од кои ЕДНАТА е фокусирана на улицата, а другата е директно насочена кон нашите домови, небаре сме во реално шоу.

— реклама —

Би сакала да верувам дека фокусот случајно, од невнимание или незнаење е ДЕФОКУСИРАН, ама да ГИ ПОТСЕТАМ НАДЛЕЖНИТЕ на членот 25 од Уставот: „на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на ПРИВАТНОСТА на неговиот личен и семеен живот....“.

— реклама —

Ако е НАЈДОБРОТОТО за „ Центар“ е да Ве набљудува ГОЛЕМИОТ БРАТ, додека го читате антиципативниот ОРВЕЛ, за мене и моите комшии е - НАЈЛОШОТО!“, реагира поранешната кандидатка за претседател на Македонија во дел од својот пост објавен на социјалните мрежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања