Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Силјановска: Ќе победам оти луѓе кои до сега не гласале, ми велат дека сега ќе гласаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
siljanovska-1

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вчера оствари средба со граѓаните од Општина Валандово, каде што разговараше со нив но исто така им посочи дека сигурно овие избори ќе ги добие за да се зачекори чекор напред кон отргање на заевизмот од Република Македонија.

— реклама —

„Зошто јас се надевам дека овие претседателски избори може да имаат успешен резултат, да бидат успешни за нас, затоа што не е илузија мислам кога по улиците ме среќаваат непознати луѓе кои велат дека никогаш досега не гласале, дека биле неутрални политички, дека не ги интересирало политиката, но дека сега ќе гласаат.

Други велат дека гласале за СДСМ, но нема да гласаат на овие избори. Трети велат дека учествувале во „Шарена револуција“ но дека се било изневерено. Четврти велат студенти дека прв пат ќе гласаат, стигнаа и младите.

— реклама —

Мислам дека на наша страна се овојпат правото и правдата и дека навистина имаме шанса во првиот круг да покажеме дека победата ќе биде наша зошто во првиот круг? Зошто среќна околност е ако има таква што овој пат БЕСА и Алијанса ќе одат со сопствен кандидат. Што значи дека опаснота од некоктролирано пребрзо полнење на кутиите сега на некој начин ќе биде зауздана. Оти самите албански партии ќе се контролираат и со тоа ќе го контролираат и т.н. консензуален кандидат“, вели Силјановска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања