Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Силјановска: Малцинство во Грција кое зборува друг јазик кое што има свои обичаи и не е грчко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
siljanovska

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вечерва оствари средба со граѓаните од Општина Дојран, каде што разговараше со нив секојдневните проблеми.

— реклама —

Навистина шокантно звучи денешната изјава на портпаролот на Владата дека од другата страна на границата, што ќе рече во Кукуш или како што го викаат Грците Килкис, каде што сите знаеме дека сигурно има многу Македонци, Грција требала сама да одлучи кој бил јазикот што го зборувале луѓето што не биле Грци, ама живееле во Грција. Ете баш така.

Неверојатно нешто, како да има покрај македонскиот јазик некој друг јазик. И сега јас се прашувам ако во 1925-тата година е отпечатен „Абецедарот“ и тој може ако не сте го виделе да го купите во „Матица“, 150 денари е, ќе видите дека се што сте учеле и јас што сум учела во прво одделение од „мама меси, Мима носи“, сето тоа е јасно дека е македонскиот јазик.

— реклама —

Сигурно не зборувале на говорот на телото, луѓето таму и сигурно „Виножито“ кога ја доби пресудата во Стразбур јасно беше дека тоа беше врзано за правото на формирање на сопствена партија но исто така и за јазикот. И сега сите сме збунети кој е тој друг јазик што има континуитет и врска со Античка Македонија, ама не е македонски јазик, што ќе рече не бил јужнословенски јазик. Жива сум заинтересирана да откриеме. Но на сите ни е јасно има два документи, и не е точно дека е тоа внатрешно прашање на Грција, Советот на Европа има донесено два документи. Едниот документ е Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, постоењето на славоговорно малцинство и утврдено уште во 30-тите години, почетокот од Лигата на народите. Значи и тогаш е направен притисок на Грција за креирање или печатење на „Абецедарот“, пресуда има во Стразбур, а исто така има и ОН мисија во Грција дека ја предводеше г-ѓа. Дугал и исто така во Извештајот се утврдува дека има малцинство во Грција кое зборува друг јазик кое што има свои обичаи и не е грчко.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања