Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Силјановска: Се чувствувам како да го носам натешкиот крст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Capture-2

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на својот Фејсбук профил во чест на Велики петок, објави дека денес е најтешкиот ден во годината, а таа во моментот се чувствува како да го носи најтешкиот крст.

Денес е Велики Петок или Распет Петок. Денот кога е распнат Исус Христос. Ова е најтежок ден во Страдалната седмица. Ден кога Исус невино пострадал за спасението на целиот човечки род.Секој од нас носи венец од трње и тежок крст на плеќите во оваа македонска Голгота.Јас во моментов се чувствувам како да го носам најтешкиот крст.

— реклама —

Силјановска напиша дека по патот по кој чекори во моментов, во трката за претседател дека е постојано навредувана и ги повикува граѓаните да и помогнат да го однесе македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото!

По патот сум плукана и навредувана. Од сите на кои не им одговара демократска Македонија каде има владеење на правото. Денес на Велики Петок повикувам сите да го пронајдеме во себе Симон и помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото! За многу години,напиша Силјановска на Фејсбук.

— реклама —

Таа додаде дека во деновите кога треба да сме посветени на духовното, кликата на власт која наводно се бори против лажните вести самата лиферува лажни информации.

Во најновата црна кампања премиерот и кандидатот за претседател со кој имаат 102,5 % исто мислење, шират лажна вест дека сум била советник на претседателот Иванов. Кога веќе сами се вплеткаа во лажните вести очекувам веднаш пред јавноста да дадат докази за нивното тврдење.Очекувам докази или извинување до целата јавност која најдобро знае кој манипулира, а кој стои на зборот изјави Силјановска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања