Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Силјановска со пензионерите: Тие се разочарани од пензиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
slika-2

​Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со пензионерското друштво во Гевгелија.

— реклама —

​При самата средба проф. д-р Гордана Силјановска Давкова се осврна на секојдневните проблеми со кои се соочуваат пензионерите откако СДСМ дојде на власт.

— реклама —

​Наместо да се зголемуваат пензиите како што беше ветено, пензионерите секој месец се разочаруваат од помалите примања. Наместо да уживаат во плодовите на својата долгогодишна работа гледаат како нивните деца ги напуштаат родните огништа, наместо обезбедена здравствена заштита за која плаќале цел работен век секој месец мака мачат да дојдат до лекови на рецепт, нагласи проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

​Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова потсети дека власта треба да одговори до кај е случајот со фондот за пензиско – инвалидско, кој го започнаа храбро поради несогласувања со коалициониот партнер работата се врати на почеток, и сега граѓаните не знаат ништо кој е виновен за овој скандал за кој имаат право да знаат што се случува со нивните пари. Епилог од овој скандал мора да има.

​Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова со пензионерите утврдија на средбата дека оваа неправда мора да ја исправиме сите заедно, да ги натераме и оваа и сите идни власти да обезбедат достоинствен живот за сите граѓани вклучително и за пензионерите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања