Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Силјановска за дивите платформи на Матка: Општините не се држави во држава, и за нив важат законите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_0132

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Општина Сарај.

— реклама —
— реклама —

Пред присутните Силјановска Давкова истакна дека идејата на локалната самоуправа отсекогаш била локалнта демократија и воспоставување на контратежа на централната власт.

— реклама —
— реклама —

Идејата на локалната самоуправа отсекогаш била локалната демократија, воспоставување на контратежа на централната власт заради деконцентрација на моќта и обезбедување слободен простор за дејствување на граѓаните во општините. Она што се прави со платформите во заштитениот појас, но и во поширокиот простор на Матка, е злосторство и против природата и против демократијата и нејзините принципи. Општините не се држави во држава, и за нив важат законите - освен ако се препуштиме на логиката на локален грабеж и самоволие во интерес на локални шерифи, а на штета на граѓаните. Она што го видов на Матка, дури и во еден прекрасен сончев ден и покрај срдечните средби со посетителите, навистина растажува. Ако ја сакаме Македонија, ако ја сакаме Матка, ако ги сакаме сите наши природни убавини, треба да ги чуваме заедно, обединети, и во согласност со владеењето на правдата. Апелирам итно постапување на надлежните институции, а ги има многу на број кои се повикани да дејствуваат, или ќе ја изгубиме оваа оаза на убавината и спокојот во близина на главниот град. Да се обединиме за да завладее правото и правдата во нашата Македонија, вели Силјановска Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања