Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Сиљановски: Исчистени се речиси сите патишта во Општина Битола, освен селата на патот за брана Стрежево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1-14

Екипите на КЈП „Нискоградба“ од раните утрински часови со расположливата механизација започнаа со чистење на снегот, по новите снежни врнежи кои започнаа во текот на вчерашниот ден. Директорот на ова јавно претпријатие Методи Сиљановски истакна дека нема застои по коловозите.

— реклама —

— реклама —
— реклама —

„Улиците од прв и втор приоритет се дочистуваат и се очекува некаде до 15 часот да се заврши со нивно чистење, а дел од улиците кои не се на приоритетната листа, исто така се чистеа со нашата механизација од раните утрински часови. Механизацијата на терен работеше и на расчистување на локалните патишта до селата во Општина Битола. Исчистени и проодни се речиси сите, освен селата на патот за брана Стрежево, каде веќе се упатија нашите вработени и се очекува и тие да бидат проодни некаде до 15 часот. Дел од екипите го чистеа и Широк Сокак, со оглед  на важноста оваа улица да е проодна за граѓаните“, посочи Сиљановски.

— реклама —

Во Битола, во текот на изминатите 24 часа наврнаа околу 20 санитуметри снег. Во текот на ноќта и утринските часови, екипите на КЈП „Нискоградба“ низ улиците фрлиле нови 15 тони сол и 15 м3 ризла.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања